-2.2 C
Skopje
сабота, декември 28, 2024

(ФОТО) Водителот Марко ќе се жени- откри дека се свршил со својата девојка

Македонскиот водител Марко Новески кој го гледаме во квизот „Листа за 300“ на Сител телевизија одлучи да рипне во тавче. Тој откри дека се верил со неговата партнерка, а откако ќе помине ситуацијата со коронавирусот, ќе направат и свадба.

-Се верив во мојта сакана партнерка, па кај и да е ќе правам и свадбичка, само нека помине целата оваа работа со коронава, затоа што искрено сакам со луѓе да ја направам свадбата, да биде весели и забавно. На тој план добро ми оди, барем така мислам, ќе треба и нејзе да ја прашаме, вели Марко за Точка.мк.