(ФОТО) Вооружен маж киднапираше автобус полн патници во Рио

Вооружен маж грабнал автобус со патници во Рио де Жанеиро, и засега сѐ уште е непознато колку лица се земени како заложници, објави интернет изданието на весникот Correio Braziliense.

Инцидентот се случи во вторниот наутро на мостот Рио-Нитерој, долк 13 километри. Во извештајот се наведува дека движењето на мостот во насока на Рио де Жанеиро целосно е блокиран.

Според првичните информации, грабнувачот на автобусот се претставил како офицер на воената полиција. Тој побарал од возачот на автобусот да го запре возилото и се заканува дека ќе го полие автобусот со бензинот.

Според весникот, мажот веќе ослободил четири лица, три жени и маж. Засега не е познато уште колку луѓе остануваат во автобусот. Непознати се, исто така, и мотивите на грабнувачот со кого преговараат претставници на силите на редот и воената полиција. На местото се распоредени и припаднции на специјалните сили.