ФОТО: Вратоврска за Геровски од претседателот Иванов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија почитувајќи го пројавениот интерес од страна на уредникот на порталот Плусинфо и на весникот Слободен Печат, Бранко Героски, за јавните набавки на Кабинетот и неговата огромна преокупираност со вратоврските, одлучи да му подари една кравата.

1796549_10151967226476158_1923412919_n

Во прилог, на Героски му беше дадена и фактурата од фирмата „Фокабо ГТЦ“, каде може со свои очи да види дека вратоврските чинат по 550 денари и истите се наменети како протоколарен подарок за членови на делегации кои биле во посета на Р. Македонија, или делегации со кои се среќава Претседателот при посетите во странство.

ivanov-gero22

„Доколку на Героски не му допаѓа подарената вратоврска, Кабинетот му стои на располагање да му ја замени со друга по негов вкус. Доколку има проблем со врзувањето, Кабинетот е подготвен да му одржи кратка обука за врзување вратоврски со еден, или со два јазли“, велат од Кабинетот на Иванов.