ФОТО: За „Гардијан“ веќе сме Северна Македонија

Во текст за најдобрите 50 вина за претстојниот Божик, британскиот весник Гардијан го наведува виното „Кратошија“ на македонската винарија „Тиквеш“ како од Република Северна Македонија.

„Кратошија“ е вброена во петте најдобри црвени вина со цена под 10 фунти и се претставува како од Република Северна Македонија, иако на самата етикета пишува „Република Македонија“.

Од друга страна, грчкото вино „Атма ксиномавро“ од винеријата „Тимиопулос“ е претставено како од „Македонија, Грција“, иако дистрибутерот го рекламира дека е од Северозападна Грција.