![maricik lazni vesti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/maricik-lazni-vesti.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Министерот за правда Бојан Маричиќ, пред неколку дена, „остро ја демантира“ веста што беше објавена во медиумите, а во врска со тоа дека Судот во Стразбур одлучил дека важи аболицијата на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Маричиќ пред неколку дена оваа вест ја оквалификува како „класично лажна“, а денеска дека „Владата прави квалитетна стратегија“ во врска со побарувањата од помилуваните од Иванов.
И кој сега шири лажни вести од Стразбур, медиумите или „официјалните извори“?
Излитена е онаа најбомбастична лажна вест од Брисел, но не е заборавена: Граѓаните се сеќаваат дека „Македонија пред две години доби датум од ЕУ“, а беше соопштена од владиниот авион во лет од Брисел кон Скопје.