(ФОТО) За владините возила не важат сообраќајните прописи

И покрај сите ветувања очигледно дека старите навики тешко се искоренуваат и од позициите на власт државата се доживува како сопствен пашалак, за што сведочи фотографијата.

Станува збор за владино возило „пасат“ коешто недалеку од Илинденска, во строгиот центар на градот прави очигледен прекршок соборувајќи ја една од бариерите кои ја заштитуваат велосипедската патека паркирајќи се на простор кој најмалку е предиден за тоа.

Според очевидци, автомобилиот кој со задното тркало соборува едно од запштитните столбчиња  е владин, а инцидентот минал за среќа без последици, но и без санкции.