
Најстарите младенци на светото вчера го кажаа судбоносното „ДА“ во Велика Британија.
По 27 години заеднички живот Џорџ Кирб и Дорин Лаки се венчале во хотелот на неговиот син, во друштво на роднини и блиски пријатели.
Дорин облечена во бел фустан со цветови, а Џорџ во темно одело. Тој е поранешен боксер, сега во инвалидска количка.
Со вкупно 194 години, двајцата Британци го срушија претходниот рекорд на Гинис кој од 2002 година го држеа Французи.