Очигледно лидерот на СДСМ Зоран Заев, според снимките и фотографиите кои опозицијата ги објавува, е вистински магнет за криминалци.
Во изминатиот период македонската јавност имаше можност да го види лидерот на најголемата опозициска партија на иста маса со Захир Бекири – Чауш, човекот кој стои зад Фабриката за афери, потоа со бугарскиот политичар Јордан Чипев од Ќустендил, кој во Бугарија и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материјали, а Нетпрес дојде до нова фотографија на која Заев е фотографиран заедно со Џељадин Јусуфи, познат како Џани од Мојанци.
Како што дознава Нетпрес, против Јусуфи полицијата има поднесено кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, а органите на прогонот трагаат по него уште од октомври 2013-та година.
Како што може да се види и од фотографиите извесниот Џани очигледно е достапен за Зоран Заев, но не и за полицијата предводена од технички назначениот министер од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски.
Засега нема одговор дали Џани е на слобода заради тоа што евентуално Спасовски го штити, а неговиот лидер ги користи услугите или, пак, постои друга причина поради која тој е сеуште на слобода.
По ова, останува да видиме дали Заев ќе пријави во полиција дека забележал осомничен кој се гони за нелегално поседување оружје.
Инаку, фотографијата е направена при завчерашната посета на Заев во скопско Арачиново каде лидерот на СДСМ оствари средби со поддржувачите на неговата партија. Ако Оливер Спасовски побргу издаде наредба, можеби и ќе го пронајде осомничениот во селото.
Заев на иста маса со фалсификатор од Бугарија
Во прилог на тезата…