(ФОТО) Заев не ги ферма препораките и забраните во услови на епидемија, дали ќе одговара?

Дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде повикан на одговорност поради непочитување на препораките на здравствените власти за избегнување на групирање и престој во шумски области, откако со своите пријатели направија излет до беровско.

Воден од ароганцијата и желбата да се покаже дека тој е над законите, лидерот на социјалдемократите ден откако му престана периодот за самоизолација по контакт со лице инфицирано со коринавирусот, веднаш ги прекрши препораките на министерот за здравство Венко Филипче, именуван токму од неговата СДСМ.

Имено Заев, иако во повеќе изјави за медиуми уверуваше дека ќе остане во неговиот дом во Струмица и во следните неколку дена, па по празникот ќе продолжи со вообичаените активности, веднаш во петокот додека државата убедливо го мина прагот илјада заболени и нови три жртви од коронавирусот, и тоне во економска криза, поранешниот премиер приоритет му даде на задоволувањето на сопствените страсти, во случајов мотоциклизмот.

Лидерот на СДСМ, така, во петокот во Берово возеше мотоцикл во друштво на негови колеги мотоциклисти. Заев притоа прудружуван и од државно обезбедување, кога како ште велат очевидци, управувал со голема брзина.

А од петокот беше воведена забраната за движење во шуми и шумско земјиште, со забрана на излети и посети на парк шуми. Забраната важи од 06 до 20 часот. Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвреднос, според уредбите на Владата.

Меѓутоа Заев, и неговите пријатели и покрај оваа забрана, со своите мотоцикли со голема брзина се движеа од струмичко кон беровско токму низ шумски предел.

Покрај тоа, иако неговите сопартијци, техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здраство Венко Филипче, во пресрет на Велигденските празници особено апелираа до граѓаните да покажат одговорност – да останат дома, да не се собираат, групираат за да се спречи ширењето на од приложените снимки очигледно е дека Заев е во поголемо друштво.

Од друга страна, пак, Спасовски и министрите од СДСМ во техничката влада наложија вооружени полицајци и војници да ги „бранат“ црковите од верниците во текот на најголемиот христијански празник Велигден.

Јасно е дека кај Заев, еднаш веќе аболиран од обвинение и истрага за огромен финансиски криминал, се создал впечатокот не неказнивост и недоговорност. Да не ги споменуваме, притоа безбројте лажни изјави и тврдења во јавноста, како на пример во врска со трагедијата на Смилковското езеро. Но прашање е дали ќе одговара за ваквото однесувње, а во конкретниот случај – дали ќе биде земен на одговорност за прекршување на мерките во време на здравствена епидемија?!