Премиерот Зоран Заев во Кичево во петокот е пречекан со транспарент „Никогаш Северна, Секогаш Македонија“, заедно со чоколади со ознаката за едно евро, објавуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Граѓаните деновие јасно ѝ порачуваа на власта дека е против промена на името. Слаба поддршка од граѓаните за власта претходно имаше и во Валандово, Штип, Дојран, Делчево, Кочани, Охрид, Битола…