Закани по животот на децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваат преку социјалните мрежи.
Имено, на Фејсбук се упатeни јавни закани кон најблиските на Мицкоски, каде се наведува дека, доколку му е мило семејството да си остане мирен.
„Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот.
Истиот пост е споделен од два различни профила и е јавно видлив за сите.
Дали по ова ќе следува соодветна пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, останува да се види. Исто така, нема реакција ниту од невладините организации кои никаде ги нема и молчат за овој случај, очигледно тие реагираат само по одредени партиски наредби.
Инаку, од скриениот профил со ваквите објави, може да се заклучи дека станува збор за лице-симпатизер и поддржувач на политиката на Владата, бидејќи има и објави со такви содржини: