(ФОТО) Започна најголемата и најсложената дистрибуција на вакцина во историјата на САД

Работниците во погоните на американската фарамцевстска компанија „Pfizer“ во сојузната држава Мичиген во недалата рано утрото по локално време ги исрпатија првите пратки со нивната вакцина против Covid-19 која ја развија во соработка со германската биотехнолошка копманија „BioNTech“ со што започна најголемата и најсложеата дистрибуција на вакцина во истроијата на САД.

Телевизиските снимки од фабриката на „Pfizer“ во Каламазу прикажаа работници кои извлекуваат кутии со вакцината од замрзнувачи и ги поставуваат во големи сини ладилници пред кутиите да бидат означени со лепенки. Со силно ракоплескање работници ги проследија пренесувањето на првите кутии до камиотни со кои вакцината ќе трхен, со бројна продружба на шерифите, до конечните одредници.

„Со месеци со надлежните служби ја подготвувавме стратегијата за ефикасна логистига на дистрибуција на цакцините и сега е време да го спроведеме планот“, изјави Вес Вилер, претседател на здравствениот оддел на големата компанија за доставување пратки UPS (United Parcel Service).

Ледените пратки на „Pfizer“ содржат 4.875 дози кои со камиони ќе се превезуваат од Каламазу до авионите.

Како што пренесе телевизијата CNN, вакцините се товараат во фургони на компаниите UPS и FedEx. Претставниците на сојузната програма „Операција неверојатна брзина“ (Operation Warp Speed) и Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC) им наложија на овие копании да ги дистрибуираат првите пратки со препаратот во повеќе градови и сојузни држави. Се споменуваат градовите Луисвил, Кентаки и Мемфис. Од овие централни складиште, вакцините ќе се дистрибуираат во 145 американски места кои ќе ги промат првите дози.

Како што изјави еден од водачите на програмата, началникот на командата за логистика на копнените сили, генералот Гас Перна, одлучено е првите серии од вакцината да се достават до 636 дестинации. Во понеделник, на 14-ти декември, камионите на двете споменати компании ќе ги достават пратките до 145 локации, во вторник на 15-ти декември до 425 а следниот ден до 66 локации. Здравствените работници и штитеници на домот за стари и немоќни лица меѓу првите ќе бидат вакцинирани во САД.

Вакцината на „Pfize/BioNTech“ е најсложеното меѓу сите вакцини развиени во борбата против коронавирусот, бидејќи бара најстроги мерки за испорака и складирање при температури од минус 70/ 80 Целзиусови степени.

За UPS и FedEx испораките на вакцините е приоритет, па така предвиделе преостори во авионите и камионите во овој предбожикен период кога е зголемен прометот за испораки на стоките купени онлајн. Двете компании се овласте и за транспорт на чувствителни медицински производи и се смета дека тешко може да се случат грешки.

Во петокот 11-ти декември FDA го одобри барањето на „Pfizer/BioNTech“ за регистрација на нивната вкација според забрзана постапка за итни случаи. Американските стручњаци добиле уверување дека вакцината е ефикасна 95 отсто, по инјектирањето на две дози од препаратот.

Вакцината мора да се чува на температура, според FDA, од минус 75 до 80 Целзиусови степени, а по одмрзнувањето, дозволенот е да се чуваат ампулите на температура од два до осум стемени, но не повеќе од пет дена. За нејзиниот транспорт прозиведени се специјални изотермички контејнери со сензори на глобалниот систем на навигација GPS.