ФОТО| Започна најлудиот карневал на светот

На улиците на Рио де Жанеиро започна најлудиот карневал на светот, а на шаренилото на улиците на градот му нема крај.

По повод најголемата претстава на земјината топка, како што ја нарече тамошниот градоначалник, на Самбадром се собрале над 70.000 добро расположени гледачи желни за танц, со заглушувачките звуци на тапаните.

Во неделата се одржа првата од двете ноќни поворки на училиштата за самба, со големи платформи и светкави костими.