ФОТО| Земјотрес во Конго, урнати згради и страв од нова ерупција

Земјотресот кој ја погоди областа на границата меѓу африканските земји Конго и Руанда урнал згради во конгоанскиот град Гома во вторникот, а се стравува дека блискиот вулкан Нијарагонго повторно ќе еруптира, три дена откако загинаа повеќе десетици луѓе, додека 17 села ги уништи лавата.

Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, бил најсилниот од повеќе од 100 потреси регистрирани по ерупцијата на планинскиот вулкан Нијарагонго, еден од најактивните и најопасни вулкани на африканскиот континент и воопшто во светот.

„Знаеме дека деца биле повредени, бидејќи се урнала зграда во вторникот, само неколку чекори од канцеларијата на УНИЦЕФ во Гома“, соопшти од оваа организација за заштита на децата при Обединетите нации.

Земјотресот уништил неколку згради во Гома, градот за кој има драстично различни податоци за бројот на жителите кои се движат од 700 илјади до два милиона. Три лица биле извелечени од под урнатините и пренесени се во билница, рекол очевидец за агенцијата Reuters.

Земјотресот е регистриран во 11,03 часот по локално време со епицентар во западна Руанда, во областа Риегерера, објави сеизмичката служба на Руанда.

Во Гома се регистрирани 119 треперења на почвата во понеделникот, но интезитетот започнал да опаѓа, изјави Касерека Махинда, научен директор на градската вулканолошка служба.

Вулканолозите стравуваат дека вулканската активноста регистрирана последните пет години е слична на онаа забележани во годините кои претходеа на големите ерупции од 1977 кога загинаа над 600 луѓе и во 2002 година со над 250 жртви а 120.000 луѓе откако лавата се слеа во Гома, кога беа уништени 20 отсто од градот.

Земјотресите ги предизвикало движењето на тектонските плочи, кои се обидувале да се урамнотежат по ерупцијата, што е феномен веќе забележан по ерупциите во 1977 и во 2002 година.

„Што пукнатината ќе ја закрепне својата рамнотежа, треперењето ќе престане“, рекол Махинда за Reuters.

Повеќе пукнатини во земјата се појавиле во Гома, иако продавниците повторно беа отворени ширум градот, додека се чини дека живото се враќа во нормалата, за оние кои не ги загубија своите домови.

Околу илјада куќи се уништени, а раселени се повеќе од пет илјади луѓе, според досегашите информации на Обединетите нации.

Од УНХЦР наведуваат, повикувајќи се на властите на ДР Конго, дека загинале 32 лица, од кои седум ги убила лавата, а пет се задушиле од вулканската пепел и чадот.

Нијарагонго, кој е дел од Албертиновата пукантина, е познат по својата многу течна лава поради посебниот хемиски состав. Брзината на движењето на лавата низ падините на вулканот достигнува до 96 километри на час. Лавата се запрела на само неколку стотини метри пред градот Гома, оддалечен 20 километри од вулканскиот масив, но проголтала 17 села, го прекина снабдувањето со електрична енергија и го блокираше главниот пат, поради што привремено беше запрено испорачувањето на хуманитарната помош.

Повеќе од половина милион луѓе загубија пристапот до вода за пиењет, бидејќи лавата го уништила еден од најзначајните извори на вода, објави Црвениот крст.

Езерото од лава во кратерот на вулканот се чини дека се исполнило, што предизвикува страв од нови пукнатини или ерупции, наведуваат од УНХЦР. Дарио Тадеско, вулканолог кој живее во Гома, изјави во понеделникот дека страввуа дека треперењата на почвата може да предизвикаат нова пукнатина.

Конгоанската влада наведува дека дел од патот кој ја поврзува Гома со северот на провинцијата во должина од 1,7 километри, бил прекриен со лава, поради што луѓето и стоките не можат да пристигна во областа со колу 280.000 раселени лица поради вооружените судири.

Според процените на ОН, ќе бидат потребни денови за да се отвори патот и да се побара дозвола од владата за користење на аеродромот во Гома кој е затворен, откако лавата дошла на 300 метри од пистата.