
Земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала го погодил синоќа Лос Анџелес и предизвикал помала материјална штета, објавил Институтот за геолошки студии на Соединетите Држави.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Ла Хамбре, 45 километри југоисточно од центарот на Лос Анџелес и на длабочина од 2 километри, па се почувствувал во целата калифорниска метропола.
Според американките медиуми, спасувачките служби добиле пријави за течење на водоводни цевки, но нема пријави за повредени.
Забавниот парк Дизниленд ги прекинал своите активности, а земјотресот бил почувствуван до Палм Спрингс на исток и областа Вентура на север.
Ова е втор земјотрес во градот на ангелите за само две недели.