ФОТО: Жерновски добил награда од Женската федерација за светски мир, а се фали дека е од УНЕСКО

УНЕСКО доделува признанија на „Амбасадори на мирот“  само на личности од културата и уметноста, па така, Македонец кој  го добил ова значајно признание е оперскиот пејач Борис Трајанов. Целта на УНЕСКО е да да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата како метод за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода. Основната цел на УНЕСКО е заштина на културното наследство, а не одликување политичари, како што се фали Жерновски.

 

 

Ако убаво ја погледнеме дипломата на Жерновски ќе видиме дека тој всушност добил признание од Женската федерација за светски мир, основана од Хак Ја Хан Мун, која и е потпишна на дипломата на градоначалникот на Центар.

 

Женската федерација за светски мир е основана во 1992 година и нејзина цел е да ги поттикне жените да го промовираат мирот во своите заедници. Организацијата има свои ограноци во 143 земји ширум светот. Хан патува низ светот и го своите говори ги охрабрува жените да го промовираат мирот.

Основачката на оваа огранизација е сопруга на покојниот  Сан Мјунг Мун, самопрогласен месија кој ја основаше контроверзната Црква на обединувањето, што има милиони следбеници низ целиот свет, а кој зад себе остави огромна бизнис-империја и наследство на масовни венчавки.