Бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева кои денеска се во посета на Битола на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“ и ќе промовираат владини проекти на таа држава и средба со бугарски здруженија на граѓани во земјава.
Жителите на битолско Кравари ги пречекаа со транспаренти со повеќе пораки.
По низата неправди кои Бугарија изминатиов период ги нанесе на Македонија, вклучувајќи го и ветото за почеток на преговорите, на граѓаните оваа посета не им се допаѓа.
„Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“… се само дел од пораките.