ФОТО: Журнал: Мендух Тачи ја води кампањата со панцирен елек

На партиските митинзи, додека го промовира партискиот кандидат за претседател, лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија, Мендух Тачи , носи панцирен елек, пишува порталот Журнал.

Панцирниот елек може да се забележи под наборите на неговото палто, што јасно се гледа на фотографијата.

Засега е непознато од кои причини Тачи се одлучил на ваков чекор.