(ФОТО) „Ѕверот од Истокот“ по шест години го завеа Рим

Италијанската престолнина Рим во понеделникот утрото осамна со првите снежни врнежи по шест години, по продирањето на арктичката бура во Европа, којашто донесе ниски температури и снег кои предизвикаа нарушувања во сообраќајот и затворање на училиштата.

Се очекува студениот сибирски ветар, наречен во медиумите „Буриан“ или „Ѕверот од Истокот“ да донесе студена воздушна маса од Русија во следните неколку дена.

Во Рим првпат од февруари 2012 година заврна снег, чијашто дебелина изнесува до четири сантиметри. Уште во неделата градските власти објавија дека се затвораат училиштата на сите нивоа и детските градинки.

Неколку станици на подземната железница и во Рим се отворени како итни засолништа за бездомниците. Католичките организации, исто така, преку ноќ ги оставаат црквите отворени за помош на бездомниците, а отворени ќе бидат и железничките станици во градот и во негова близина.

Колосеум, најпознатата римска туристичка дестинација, е затоврен, како и Форумот и Палатино, а властите ги повикуваат граѓаните да не излегуваат надвор доколку тоа не е неопходно.

Во италијанската престолнина во понедленикот утрото се измерени 0 Целзиусови степени, со прогноза за минус 6 степени до средата, но без снежнио врнежи. Низ Рим може да се видат невообичаено тивки улици и луѓе кои ги фотографираат препознатливите места од градот во невообичаените временски услови.

Јавниот транспорт во Рим е со скусен распоред за автобуските линии и за подземната железница, а забележани се големи нарушување на линиите во градот и во приградијата.

Во северна Италија силните врнежи од снег предизвикуваат застој во сообраќајот. Меколку други италијански градови се под снег во понеделчникот, повеќето во ентралните региони, а во Торино беше одложен и натпреварот од Серија А меѓу Јувентус и Аталанта.