Фотогрфаија која го обиколи и воодушеви светот – црнец спасува белец во Лондон

Фотографија го обиколи светот на која се гледа како црнец на грб носи повреден белец. Истата е направена на насилните и драматични протести за време на викендот во Лондон.

Во Велика Британија со денови траат протести против расизмот, кој од Америка, после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд се раширија низ целиот свет.

Во Лондон во неделата дојде до жестоки судири на протестите во кој учествуваше и полицијата, демонстрантите кои се залагаат за прекин на расизмот, но и учесници на контра протестот.

Еден од учесниците идентификуван како ултрадесничарски демонстрант повреден е во судирот кој изби во Лондон помеѓу активисти за правата на црнците и ултрадесничарите, а на безбедно го пренесе – Афроамериканец.

„Не размислував, мислев единствено дека е некое човечко суштество од земјата и дека тоа нема да заврши добро ако не му помогнам. И тоа беше тоа, немав други мисли во главата, освен како да го извлечам на сигурно“, изјави Патрик Хачинсон, човекот кој на својот грб го пренесе белецот.