Денеска (27.06.2024) во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во езерските води, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди.
На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор на Охридското Езеро.
По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија. Лекар од Итната медицинска помош, кај него констатирал телесни повреди, по што, со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција. Оттука, повредениот, со медицинско возило е пренесен до болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
Повреденото лице во денешната несреќа при пад од карпа кај хотел „Десарет“ во Пештани е лоцирано и безбедно транспортирано за понатамошно лекување, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.
Регионалниот Центар за управувањет со кризи (ЦУК) Охрид појасни дека во попладневните часови на единствениот повикувачки број за итни повици 112 било пријавено од Итна медицинска помош од Охрид дека во близина на хотелот „Десарет“ странски државјанин паднал во непристапен терен и од паѓањето лицето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош.
Поради непристапнапноста на теренот медицинската екипа не можела да интервенира, па од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба „Патагонија“ од Охрид. Екипата од ТППЕ Охрид интвенирала со едно противпожарно возило возло и тројца пожарникарае, при што лицето било извлечено од местото на несреќаата и префрлено во полициски глисер и преку езерото било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на натамошен третман, додаваат од ЦУК.
Како што претходно беше објавено информиравме неофицијално се работи за државјанин на Холандија кој при пад од карпа се здобил со скршеница на долни екстремитети.
Причините за падот од карпата сѐ уште не се познати.