
Во послените две средби од шестото коло на германската Бундеслига во неделата, фудбалерите на Фрајбург го победија Аугсбург со 3:0, додека Бохум и Штутгарт одиграа без голови.
Со оваа победа Фрајбург ја продолжи низата одлични резултати на отворање на сезоната и по првите шест кола е единствениот тим заедно со актуелниот првак минхенски Баерн кои се без пораз. Во првите шест кола Фрајбург впиша три победи и три ремија.
Во средбата против Аугсбург целата работа беше завршена во првитие половина час, кога Фрајбург ги постигна сите три погодока, а во вториот дел рутински ја одбрани предноста. Стрелци беа Лукас Кублер во 6, Лукас Холвер во 25 и Винченцо Грифо во 33 минута од пенал.
На табелата води Баенр со 16 бодови, Баер Леверкузен и Волфсбург имаат по 13, а Борусија Дортмунд и Фрајбург по 12 бодови.
По шестото коло Штутгарт е 13-ти со пет бодови, колку што имаи 15-от Аугсбург, додека Бохум е претпоследен со четири бодови, а последниот 18-ти Гројтер Фрирт има само еден бод.