Во првиот натпревар од 30-то коло на германската фудбалска Бундеслига, во петокот вечерта Фрајбург со 1:0 на свој терен ја совлада Борусија од Менхенгладбах.
Единствениот погодок на мечот го постигна Нилс Петерсен во 58 минута. Се чини дека гостите од Менхегладбах ги загубија сите шанси непоразени да се вратат од гостувањето кога во 62 минута поради два жолти картона од игра беше исклучен напаѓачот Аласан Плеа.
Фрајбург ја прекина серијата од четири натпревари без победа, последен пат неговите играчи се радуваа на триумф на 7-ми март, пред прекинот поради епидемијата, исто така на домашен терен против Унион Берлин со 3:1. Фрајбург моментално на табелата е осми со 41 бод. Борусија Менхегладбах остана на четвртото место со 56 бодови, колку што има и петтопласираниот Баер Леверкузен но со меч помалку и е единствениот конкурент кој може да ја мине.
Денеска се игра дербито во Леверкузен меѓу Баер и водечкиот минхенски Баерн, како и мечевите РБ Лајпциг – Падеборн, Фортуна Диселдорф – Хофенхајм. Ајнтрахт Франкфурт – Мајнц и Борусија Дортмунд – Херта.
Во недела е играат преостанатите три дуела: Вердер – Волфсбург, Унион Берлин – Шалке и Аугсбург – Келн.