Фрагмент од ковчегот на Наполеон продаден за 2.000 евра

Фрагмент од ковчегот на францускиот император Наполеон Бонапарта е продаден на наддавање во Франција за 2.000 евра, објави во понеделникот радио станицата France Bleu.

Според информацијата, експонатот бил понуден на продажба во хотелот „Hôtel de Paris“ во градон Милен, во депарманот Алие во централниот регион на Франција, во организација на аукциската куќа Métayer.

Се наведува дека купецот е од Франција и експонатот го купил преку понуда преку интернет за сума од 1.600 евра, на која мора да се додадат 400 евра за трошоците за аукцијата.

Во извештајот на радиото се вели дека продадениот предмет е дрвен фрагмент од кочвегот, кој Франсоа де Орлеан, принцот од Жунавил го оставил за себеси по мисијата да ја пренесе пепелта на царот од островот Света Елена во Франција во 1840 година. Од белешките, продадени заедно со експонатото, следува дека тој е предаден на член на екипажот на бродот на принцот, а пота му бил предаден на пратеник од департманот Ниевре. Сега потомците на семејството кои го поседувале фрагментот живеат во Алие.

Годинава Франција ја одбележува 200-годишнината од смртта на Наполеон. Како што истакна претседателот Емануел Макрин во текот на комеморативната церемонија во мај, сите тајни од таа епоха сѐ уште не се разоткриени. Истакна дека фигурата на францускиот император продолжува да ги возбудува умовите и духовите и денес. Според него, „уроците од овој воен и политички водач, градител и реформатор на Франција имаат свое значење до нашиот век“.