Франческо Бањаја ја оствари третата победа од почетокот на сезоната во МотоГП, откако триумфираше во спринтерската трка за Големата награда на САД во Остин.
За светскиот шампион ова е втор спринтерски успех од почетокот на годината, откако на стартот од сезоната ги надмина сите во спринтерска дистанца во Португалија.
Тој стартуваше од пол-позицијата и успеа да победи без посебни проблеми, но засега е само второпласиран во генералниот пласман, веднаш зад Марко Безеки.
На третото место во генералниот пласман е Жоан Зарко.