Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер во средата јавно го оспори тврдењето на американската колешка Џенет Јелен дека меѓународното право обезбедува основа за запленување на замрзнатите руски средства, инсистирајќи на поддршка од групата Г20, која ги вклучува и Кина и Русија.
Американскиот министерка за финансии Џенет Јелен изјави во вторникот пред состанокот на министрите за финансии и гувернерите на земјите од групата Г20 дека целосно го поддржува „важниот прв чекор“ на Европската унија за пренсочување на приходите од замрзнатите средства за обнова на Украина, но дека не треба да застане тука.
„Иако треба да правиме чекори заедно и смислено, мислам дека треба да се изнесе силен меѓународен правен, економски и морален аргумент дека не треба да застанеме тука“, рече Јелен.
Овие аргументи зборуваат во прилог на монетизирање на руските средства, било со конфискација или со нивно користење како колатерал за задолжување, тврдеше американската министерка, заклучувајќи дека потегот е оправдан со „теоријата на контрамерки“.
На новинарско прашање што мисли за таа теорија, францускиот министер во средата рече дека не се согласува со американскаѕа колешка.
„Сметаме дека оваа правна основа не е доволна“, рече Ле Мер. Потребен е широк меѓународен консензус, додаде тој.
„Таа правна основа треба да ја прифатат не само европските и земјите од Г7, туку и сите земји членки на светската заедница. Мислам на сите членки на Г20. Не треба да сееме нови поделби меѓу членките на Г20“, нагласи францускиот министер.
Покрај САД, Јапонија и Канада, во групата Г20 се и Бразил, Русија и Кина, потсетува Reuters кој неодамна објави податок од руски извори дека Москва може да одговори со запленување на западен, главно европски капитал во Русија, во износ од околу 280 милијарди евра.
„ЕУ веќе направи значаен чекор со планот за запленување на приходите од замрзнатите средства“, рече Ле Мер, а неговото мислење го дели и германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.
Официјални лица на групата Г7, која ги вклучува најразвиените светски економии, веќе една година се обидуваат да договорат план за користење на замрзнати руски средства во износ од 300 милијарди долари за обнова на Украина. Лидерите на Г7 побараа можни решенија до јуни.
Околу 200 милијарди долари се блокирани на сметки во Европа, главно во белгиската клириншка куќа „Euroclear“.
„Ставовите не мора да се спротивставени“, изјави за новинарите јапонскиот заменик министер за финансии за меѓународни работи Масато Канда по состанокот на министрите членки на Г7. „Продолжуваме да водиме дискусии зад затворени врати за заедничката цел да бараме мерки кои се во согласност со меѓународните закони“, додаде јапонскиот функционер.
„Канада се согласува со САД дека итно треба да се направи уште еден чекор во процесот на запленување руски имот за да ѝ се помогне на Украина“, изјави во вторникот министерката за финансии Кристиа Фриланд.
Јапонскиот функционер Канда одби да го прецизира ставот на Токио, велејќи дека предлогот за запленување на приходите од замрзнатите средства најверојатно ќе биде поддржан од групата Г7 и „пошироката меѓународна заедница“.
Некои европски претставници предупредија дека запленувањето на руските средства ќе му наштети на статусот на светските резервни валути, кои ги вклучуваат доларот, еврото и јенот, забележува Reuters, без да наведува имиња.
Британскиот премиер Риши Сунак во колумна за неделното издание на Times напиша дека западните земји „треба да бидат похрабри во конфискацијата на рускиот имот“. „Мораме да бидеме посмели во ударот на руската воена економија… И мора да бидеме похрабри во запленувањето на стотици милијарди замрзнати руски средства“, смета британскиот премиер.
Извршната директорка на „Euroclear“ предупреди во средината на февруари во интервју за Financial Times дека употребата на запленетите руски средства како колатерал всушност би била заплене „на задната врата“.
„Употребата на средства што не ви припаѓаат како колатерал е прилично блиску до индиректно заплена или идна обврска за заплена, што може да ги има истите ефекти на пазарите како директното запленување“, нагласи директорката Мостри.
И директните и индиректните заплени би можеле да го изложат „Euroclear“ на тужби, нагласи Мостри.
„ЕУ не може да го спаси Euroclear“, предупреди неименуван висок функционер на крајот од јануари. „Euroclear управува со милијарди и неговиот банкрот во голема мера би го надминал буџетот на ЕУ. Мораме да ги балансираме ризиците и профитот“, додаде тој во коментар за Reuters.
Западно економски и правни стручањаци повеќепати предупредуваа дека ваквите потези може да предизвикаат губење на кредиблитетот на главно европските финансиски институции, како и потреси на глобалните пазари.