Франција: Барател на азил уби двајца, а повреди седум минувачи со нож

Барател на азил од Судан, на возраст од 30 години, изутринава нападнал со нож неколку лица во центарот на Ронас-сур-Изер, во департманот Дром, при што убил двајца минувачи, а седуммина повредил, јави дописникот на МИА.

Напаѓачот е уапсен. Причините за неговиот напад во моментот се непознати. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

На местото на инцидентот се наоѓаат екипи на полицијата и на пожарникарите.

Истрагата ја врши судската полиција од Лион. Националното обвинителство за борба против тероризам во соработка со Обвинителството во Валанс, „во моментот вршат проценка“ дали е потребно да ја преземат истрагата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.