Француската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар ќе ја брани титулата без играчот за врска Нголо Канте (31).
Фудбалерот на Челзи мораше да го оперира бутниот мускул поради што најмалку четири месеци ќе отсуствува од теренот,
Ослабена на Мундијалот во Катар ќе биде и репрезентацијата на Португалија во чиј редови ќе отсуствува Диого Жота.
Напаѓачот на Ливерпул се повреди во самиот финиш на дербито против Манчестер сити во неделата и на носилки беше изнесен од теренот на „Енфилд Роуд“.
Мундијалот во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.