Француското министерство за надворешни работи ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија поради воени дејствија во соседна Украина, навестувајќи нови санкции против Минск кој е во ткн државна унија со Русија.
„Во контекстот на дејствијата на Русија во Украина и затворањето на белорускиот воздушен простор, строго не се препорачуваат какви и да се патувањето во Белорусија. На Французите кои се наоѓаат на територијата на Белорусија, им се предлага без одложување да ја напуштат земјата преку патната мрежа преку Литванија, Полска или Латвија“, се наведува во соопштението на француската амбасада.
Полска, инаку, од петокот го затвори својот клучен пограничен премин кон Белорусија, под изговор за пресудата на белорускиот суд на осумгодишна затворска казна за полскиот активист Анджеј Поцобут, од полската заедница во соседната земја, кој е осуден за „поттикнување омраза“ и „дејствување против државата преку повикување за воведување санкции“.
Официјален Париз истакнува дека француските државјани кои сакаат со лет да ја напуштат Белорусија мора да аплицираат излезна виза во министерството за внатрешни работи во Минск.
Претходно француската министерка за надворешни работи Катрин Колона изјави дека Белорусија „ризикува да биде ставена под дополнителни санкции“ доколку ја поддржи руската операција во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека белорускиот челник Александр Лукашенко „ќе има проблеми доколку активно учествува во судирот во Украина“. Макрон потсети дека ЕУ веќе има воведе санкции против Белорусија затоа што овозможува, инаку според договорот за заедничката државна унија со Русија, дозволи руски трупи да бидат распоредени на нејзината територија „за префрлување“ во Украина.
На почетокот од ланскиот октомври Лукашенко негираше какви и да е учество на Белорусија во војната во Украина, но истакна дека украинските војски последната година извеле неколку погранични инциденти, како и за подготвување на украинска територија група милитанти кои требало во Белорусија да предизвикаат вооружен бунт.
„Ние учествуваме таму, тоа не го криеме, но никога не убиваме никаде не испраќаме војска, не ги прекршуваме нашите меѓународни обврски“, рече Лукашенко посочувајќи дека Белорусија во испратила лекарства, медицински персонал и храна и не само за Русите кои пребегнаа од Украина. „Тие се беглаци, сиромашни луѓе кои ни доаѓаат од Украина по 400 до 500 луѓе дневно“.