Франција го обвинува Азербејџан за поттикнување на немирите во Нова Каледонија

Франција во петокот го обвини Азербејџан дека ги поттикнува немирите на нејзиниот пацифички остров Нова Каледонија со преплавување на социјалните мрежи со погрешни фотографии и видеа насочени кон француската полиција.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет Viginum, формирана како одговор на наводните руски активности во Африка каде Франција ги загуби позициите во своите поранешни колонии за сметкана Русија, објави извештај во петокот во кој идентификува азербејџански профили на социјалните мрежи како оние коишто наводно шират антифранцуска пропаганда во нејзината прекуонеканска територија.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен беше првиот којшто уште во четвртокот упати обвиненија против Азербејџан, но не презентираше докази.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан брзо ги отфрли, како што рече, навредливите наводи и во петокот повтори дека не е поврзано со протестите во Нова Каледонија.

„Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја“, рече портпаролот за надворешни работи Ајхан Хаџиев.

Единицата Viginum објави дека кампањата вклучувала монтажа на фотографии и снимки на кои се прикажани мртви демонстранти за независност покрај белец во позиција за пукање, со натпис „француските полицајци се убијци“.

Се нaведува дека најмалку 86 објави на платформата Х, порано Twitter, се направени од профили наводно поврзани со владејачката партија во Азербејџан – YAP.

Азербејџан реагираше луто на француската воена поддршка за Ерменија, република во Јужен Кавказ со која водеа две војни во последните три децении. Франција, која има голема етничка ерменска заедница, ја опреми воено Ерменија и ја презема иницијативата за приближување на Ерменија кон колективниот Запад оттргнувајќи ја од вековното влијание на Русија.

За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички во доживувањето себеси како глобална сила, но и поради наоѓалиштата на никел. Областа, каде што живеат околу 270.000 жители, доби голема автономија со договорот со властите во главниот град на покраината Номе. Островот се наоѓа на околу 1.200 километри источно од Австралија.

По немирите кои започнаа во понеделникот, во кои четири лица ги загубија животите а стотици беа уапсени, ноќта во четвртокот помина релативно мирно, изјави францускиот висок комесар Луј Ле Фран на прес-конференција. Сè уште има точки на конфликт во главниот град Нуме, додаде тој додека пристигнуваше засилувањето на француската полиција во петокот лко дел од големата операција за обид за враќање на контролата врз главниот град Нуме. Бројот на припадниците на полицијата и жандармеријата на островот под француско управување ќе се зголеми од 1.700 на 2.700 до петокot навечер.