Франција го отстрани мигрантскиот камп од Кале

/ AFP / DENIS CHARLET

Француската полиција во петокот ги отстрени и последните остатоци од некогаш огромниот мигрантски камп крај северното простаниште Кале, во кој останаа само неколку стотици луѓе/.

Од ублажувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот и отворањето на границите во Европската унија, мигрантите повторно почнаа да пристигнуваат во Кале, надевајќи се дека ќе минат во Велика Британија, пренесува агенцијата Reuters.

Локалните власти објавија дека бројот на мигрантите изминатата седмица значително се зголемил, по подигнале импровизирани засолништа во јужниот дел од градот.

„Неколку стотици мигранти се идентификувани во таа област, меѓу кои и 30 деца“, соопштија властите во Кале.

Операцијата започнала во 6 часот утрото по локално време, а мигрантите се одведени во разни центри за прифаќање во регионот.

Властите повторно започнаа да ги отстрануваат илегалните мигрантски кампови, но тие повторно се појавуваат на други места.

Од остранувањето на огромниот камп во Кале наречен „Џунгла“ во 2016 година во кој се проценуваше дека имало околу десет илјади мигранти, сега се распоредени во неколку помалку кампови, главно во предградијата на Кале.