
Францујскиот претседател Емануел Макрон во средата вечерта го прошири ограничувањето на целата земја и порача дека ќе бидат затворени училиштата на три седмици, за да се сузбие третиот бран од епидемијата на коронавирусот кој се заканува со колапс на болничкиот систем.
Макрон рече дека од саботата на најмалку еден месец ќе ги прошири мерките на затворање на целата земја. Париз, северот на Франција и делови од југоистокот од земјата веќе се затворени.
„Ќе ја загубиме контролата, доколку сега не започнеме“, изјави францускиот претседател во телевизиското обраќање до нацијата.
Епидемијата на Covid-19 која досега покоси 95.337 луѓе во Франција и доведе до одделенијата за интензивна нега во најтешко погодините региони им се заканува колапс.
Училиштата ќе бидат затворени на три седмици по католички Велигден кој се одбележива овој викенд.
„Најдоброто решение е да се забави вирусот“, рече Макрон и додаде дека Франција во пандемијата успеала да ги одрќи своите училишта подолго отколку многуте нејзини соседи.