Франција ќе го распореди носачот на авиони „Charles de Gaulle“, како и борбената група пловила кои го придружуваат, од јануари до април за да ги поддржи француските воени операции на Блискиот исток, соопшти во четвртокот францускиот претседател Емануел Макрон во текот на обраќањето пред војниците.
„Морнаричкото воздухопловство ќе ја продолжи оперцијата ‘Chammal’ од јануари до април, пред да замине во Атлантскиот Океан и Северното Море“, изјави претседателот Емануел Макрон во годишниот говор пред француските војници.
Споменатиот носач на авиони „ќе биде во средиштето на операцијата на неколку европски земји“, додаде Макрон.
„Во придружба во текот на мисијата ќе бидат Германија, Белгија, Холандија, Шпанија, Португалија и Грција. Оваа европска сила, какои учествувањата во мисијата во балтичките земје, ќе ги зајакне трансатлантската врска и НАТО и е дополнителен доказ дека европската одбрана и НАТО се два столба на иста куќа“, прецизираше и истакна францускиот претседател.
Базата со ознака „BA 123’ во Орлеан, каде што говорше Макрон, е една од најголемите воздухопловни бази на Франција со 2.200 војници и цивили кои покриваат голем спектар активности, меѓу кои се воздухопловниот транспорт и специјалните операции.