Засилување на француската полиција почна да пристигнува во Нова Каледонија како дел од големата операција за обид за враќање на контролата врз главниот град Нуме, објави во петокот највисокиот француски функционер на прекуморската територија. Бројот на припадниците на полицијата и жандармеријата на островот под француско управување ќе се зголеми од 1.700 на 2.700 до петокot навечер.
За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички во доживувањето себеси како глобална сила, но и поради наоѓалиштата на никел. Областа, каде што живеат околу 270.000 жители, доби голема автономија со договорот со властите во главниот град на покраината Номе. Островот се наоѓа на околу 1.200 километри источно од Австралија.
По немирите кои започнаа во понеделникот, во кои четири лица ги загубија животите а стотици беа уапсени, ноќта во четвртокот помина релативно мирно, изјави францускиот висок комесар Луј Ле Фран на прес-конференција. Сè уште има точки на конфликт во главниот град Нуме, додаде тој.
Операциите за испраќање храна и лекови до населението ќе започнат по отстранувањето на уличните барикади поставени од активистите, соопшти Ле Франк.
„Ќе пристигне масовно засилување и ќе биде испратено веднаш за да ги контролираат областите кои излегоа од нашата контрола во изминатите неколку дена и да ги вратат сите градски области што ги изгубивме“, додаде гувернерот на оддалечената француска прекуморска територија.
Демонстрантите поборници на независноста на пацифичкиот архипелаг, незадоволни од изборните реформи, палеа продвници, канцеларии и автомобили, ограбуваа продавници и три дена поставуваа блокади на улиците.
„Почнуваат да се слушаат нашите повици за смиреност, мир и помирување. Важно е да ги слушнат оние кои ги започнаа конфликтите и блокадите“, нагласи Ле Франк.
Владата на Нова Каледонија во петокот објави дека островот има резерви на храна за два месеца, но дека проблемот е дистрибуцијата. Франција прогласи вонредна состојба на островот, стави најмалку десет лица во домашен притвор и го забрани TikTok.
Немирите започнаа поради новата мерка усвоена од парламентот во Париз во вторникот, со која им се дозволува на француските граѓани со повеќе од десет години престој во Нова Каледонија да гласаат на локалните избори и референдуми за осамостојување. Некои од локалните лидери стравуваат дека тоа може да го загрози гласот на домородните Канаци на островот кој се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Австралија.
Пацифичката конференција на црквите во петокот им се придружи на меѓувладините групи кои ја повикаа Франција да ја повлече мерката. Конференцијата ги покани Обединетите нации да воводат мисија за дијалог на островот