Франција: Левицата и центристите се натегаат околу формирањето влада

Челниците на крјано левичарскиот блок Нов народен фронт (NFP), кои избија на врвот во вториот круг од француските парламентарни избори во неделата, и центристите на претседателот Емануел Макрон, кои по активирањето на ткн „Републиканскиот фронт“ – стратегија со која во вторите кругови од француските избори се спречува победа на кандидати на крајната десница станаа вториот по пратеници блок, ја продолжуваат својата борба за формирање одржлива влада.

Неочекуваниот исход од предвремените избори, на кои група крјано левичарски партии се собраа во NFP, во сојуз со центристите на претседателот Емануел Макрон, профитираа од францускиот изборен систем и добија голема поддршка, но не и апсолутно мнозинство, ја втурна земјата во политичка неизвесност, без јасно видливи начини за формирање влада.

Коалицијата NFP, составена од радикалната левичарска Непокорена Франција, комунистите, социјалистите и зелените, и центристичкиот блок Заедно на Макрон, засебно се обидуваат да привлече претставници од спротивставените табори на своја страна.

„Мислам дека има алтернатива на NFP. Мислам дека Французите не сакаат имплементација на платформата НФП, не мислам дека сакаат зголемување на даноците. Ние сме единствените кои можеме да ја прошириме нашата база“, изјаво за телевизијата France 2 Ороре Берже, пратеник од либералната партија Преродба на Макрон.

Како што објави Reuters, повикувајќи се на политички извори, телефоните не престануваат да ѕвонат додека центристите френетично се обидуваат да ги придобијат претставниците на левиот центар за да создадат основа за нова влада.

Во меѓувреме, лидерите на левицата инсистираат тие да ја водат владата, но различните партии кои ја сочинуваат NFP допрва треба да се договорат за позицијата на премиерот и за составот на владата.

Би било очекувано претседателот Макрон да ја покани најголемата парламентарна група да формира влада, но Уставот не го принудува да го стори тоа. Опциите вклучуваат широка коалиција со малцинска влада која ќе донесува закони во парламентот од случај до случај, со ад-хок решенија.

Левичарскиот лидер Франсоа Руфин за дневниот весник Le Monde изјави дека Макрон „мора да дозволи левицата да владее“.

Макрон, чиј мандат завршува во 2027 година, веројатно нема повторно да ја води политиката во земјата, откако беше прегазен од крајно десничарскиот Национален собир (RN) на европските избори и од левицата на парламентарните избори.

Карол Делга, од Социјалистичката партија, тврди дека левицата не може да владее сама и мора да им подаде рака на другите, меѓутоа во врз основа на програмата на NFP за даноците и трошоците.

Мануел Бомпар од радикалната левица смета дека NFP треба да формира влада, бидејќи има најголем број претставници во Националното собрание. „Тоа е она на што работиме“, вели Бомпард.

Рејтинг агенциите испратија предупредувања поврзани со француските јавни финансии, поради што ситуацијата будно ја следат финансиските пазари, Европската комисија и нејзините партнери во еврозоната.