Франција мора да плати 20 милиони евра казна поради загадениот воздух

Францускиот Висок управен суд во понеделникот ѝ изрече на државата рекордна казна во износ од 20 милиони евра, поради тоа што не реагирала доволно брзо на загадувањето на воздухот поради кој секоја година умираат илјадници луѓе.

Државниот совет уште во август 2021 година ја осуди француската држава на парична казна од 10 милиони евра поради тоа што недоволно го подобрила системот за спречување на загадувањето и таа одлука тогаш се однесуваше на првото полугодие од 2021 година. Новата казан се однесува на следните две полугодија.

„Иако во текот на извесен период се забележани подобрувања, граничната вредност на загадувањето со азотен диоксид, која е на сила од 20210 година, и натаму се надминува во некои делови од Франција, во прв ред на поширокото подрачје на Париз, Лион и Марсеј. Мерките кои државата досега ги донела не гарантираат дека квалитетот на воздухот толку ќе се подобри за граничната вредност на загадувањето да може да се почитува во најкус можен рок“, истакнува Државниот совет.

Загадувањето поврзано со автомобилскиот сообраќај многу влијае врз јавното здравје. Смртноста поврзана со загадувањето на воздухот и натаму е голем ризик во Франција, каде што секога година поради микро честичките во воздухот умираат 40.000 луѓе, објави минатата година организацијата Јавно здравје во Франција.

Парите од казната главно ќе бидат насочени на организациите кои се борат против загадувањето на воздухот, а 50.000 евра ќе одат за Здружението Земја којашто во 2017 година прва покрена тужба пред Државниот совет.