Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа во првите 11 месеци од годинава, а Италија е најголем увозник, покажува истражувањето на европските пазари на интерконекторите, спроведено од аналитичката куќа ЕнАпСис.
Студијата покажала дека Франција во периодот од 1 јануари до 30 ноември остварила вкупен нето извоз на електрична енергија од 39,4 терават часови (TWh), при што повеќето е испорачано на Италија (13,3 TWh) и на Германија (11 TWh).
Високото ниво на нето извозот е благодарејќи на големите количества енергија од нуклеарните централи и ниските гранични трошоци поврзани со таков вид на енергија, што го прави атрактивно за целиот европски пазар.
Италија е најголем увозник на електрична енергија од јануари до ноември со 36,6 TWh.
Најголем дел од увезената енергија и испорачала Швајцарија (17,6 TWh), зголемувајќи го производството од обновливите извори, но и понатаму зависи од нуклеарната енергија како свој главен извор.