Франција: На Украина и е дозволено да истрела проектили со долг дострел кон Русија

Франција им се придружи на САД и Велика Британија во сигнализирањето на Украина дека и е дозволено да користи оружје со долг дострел против цели на руска територија, објави германската новинска агенција dpa.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, во интервју за британскиот радиодифузер BBC, рече дека украинскиото лансирање ракети со долг дострел кон Русија ќе биде „чин на „самоодбрана“.Притоа не потврди дали тоа веќе се случило.

Москва силно ја критикуваше изјавата на Баро, при што портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди во изјава за државната новинска агенција ТАСС дека одобрението „не е поддршка за Украина, туку смртна казна за Украина“.

Претходно оваа седмица Украина објави дека истрелала крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS од американско производство и британска „Storm Shadow“ врз воени цели во Русија. Всушност овие проектили Киев веќе ги користеше изминатите години за напади врз руски цели на терориите на југоисточните украински региони и црноморскиот полуостров Крим.

Од јули 2023 година, во соработка со Велика Британија, Франција почна да испорачува ракети „Storm Shadow“ на Украина – француската ознака за идентични проектили е „Scalp“.

Само Германија од водечките членки на НАТО не ѝ овозможува на Украина со оружје со долг дострел, бидејќи канцеларот Олаф Шолц категорично се противи на испраќање крстосувачки ракети „Taurus“. Шолц предупрува дека за користење на овие софистицирани системи, како и во сличајот на американските, британските и француските ракети, неопходно е со нив да ракува кадар кој минал долгогодишни обуки и системи за наведување врз цели што претпоставува користење на сателити, а што Русија може да го сфати како директна вклученост на западните земји во нападите на нејзината територија.

Близок соработник на украинскиот претседател, Михајло Подољак, неодамнешните закани на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на оружје со долг дострел, кое досега не било употребено, ги толкува како израз на „апсолутен страв“.

Тој во весникот Bild am Sonntag рече дека Путин со своите закани се обидува да го преплаши Западот.