Условите за Франција официјално да ја признае Палестина како држава сѐ уште не се исполнети, изјави во средата францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн.
Неговото изјава дојде откако Норвешка, Ирска и Шпанија објавија дека формално ќе ја признаат палестинската државност, како поддршка на таканареченото „решение на две држави“ кое има за цел да донесе мир на Блискиот Исток.
„Нашата позиција е јасна: признавањето на палестинската држава не е табу за Франција“, ја цитира АФП изјавата на Сежурн. Министерот за надворешни работи го повтори ставот првпат искажан од претседателот Емануел Макрон во февруари.
„Франција не смета дека досега имало услови оваа одлука да има вистинско влијание“ врз политичкиот процес во регионот, додаде Сежурн. Тој не даде повеќе детали.
Претходно овој месец, Франција повика на создавање независна палестинска држава. Макрон ја даде изјавата по посетата на Париз на кинескиот лидер Кси Џинпинг.
Таканареченото решение за две држави, план за создавање палестинска држава, е поддржана од ОН и многу држави, вклучително и клучниот сојузник на Израел, САД. Доколку се спроведе, најверојатно ќе бара отстранување на израелските доселеници од окупираните територии.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно вети дека ќе спречи формирање на палестинската држава.
Норвешка, Ирска и Шпанија се само последните западни земји кои ја признаа палестинската државност. Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка го направија тоа во 1988 година, а Шведска им се придружи во 2014 година. Русија и Кина поддржуваат независна палестинска држава со главен град Источен Ерусалим.
Притисокот за палестинска државност се интензивираше откако се разгоре конфликтот меѓу Израел и Хамас пред речиси осум месеци.