Франција нема да прифаќа мигранти од Лампедуза

Франција неама да прифаќа братели на азил кои изминатите денови пристигнале на италијанскиот остров Лампедуза, изјави во понеделникот францускиот министер а внатрешни работи Жерал Дерманен кој вечерва треба да пристигне во посета на Рим.

„Не, Франција тоа нема да го стори. Франција сака да ѝ помогне на Италија да ги контролира своите граници за да ги спречи доаѓањата на луѓето. Би била погрешна прецена да се мисли, бидејќи мигрантите стигнуваат во Европа, дека мора веднаш да бидат распоредени по Европа и Франција коај веќе одработува доволно“, изјави Дерманен во интервјуто за Europe 1 пред патувањето за Рим.

Министерот порача дека патува на средба со италијанските колеги по барање на францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за европската соработка во вроска со пристигнувањата на мигрантите во Лампедуза.

„Она што сакаме да им го порачаме на нашите италијански приајтели, за коишто верувам дека потполнос се согласуваат, е дека мораме да ги заштитиме надворешните граници на ЕУ, во прве ред, веднаш да ги проучиме барањата за азил. Доколку не ги исполнуваат условите, луѓето треба да бидат испратени назад во нивната земја“, додаде Дерманен.

Францускиот министер за внатрешни работи ќе се сретне со италијанскиот колега Матео Пјандетодоси.

Италијанската влада се соочува со приливот мигранти, а подоцна во понеделникот ќе ги донесе мерки со коишто би го продолжила задржувањето на мигрантите и би осигурала враќање на повеќе луѓе кои немаат право на престој, соопштија функционери за агенцијата Reuters.

Владата во Рим се реши да го продолжи притворот за мигрантите кои чекаат враќање во матичната земја на најмногу 18 месеци наместо на три, соопштија властите. Во таа цел, министрите ќе одобрат градење на повеќе притворски центри во изолирани области.

Повеќе од 127.000 мигранти пристигнале во Италија оваа година, според податоците на владата, што е речиси двојно повеќе отколку во истиот период претходната 2022 година. Функционерите велат дека повеќето мигранти доаѓаат во Италија од економски причини, па поради тоа немаат право на азил.

Италијанската службена агенција Ansa пренесува, повикувајќи се на француската телевизија BFMTV, дека Франција ќе воспостави нов привремен прифатен центар за мигранти и бегалци кои стасуваат преку границата со Италија.

Новиот објект би требало да се наоѓа во Метон со капацитет до 200 луѓе дневно. Точната локација на новиот прифатен центар, кој ќе ги замени постојните објекти кои сега се сметаат за несоодветни за соочување со поголем прилив мигранти кои од Италија преминуваат во Франција, ќе биде позната во вторник.