Франција очекува најслабо производство на вино во историјата

Франција годинава ќе произведе најмалку вино откако започнала да ги бележи таквите податоци, поради мразот и болестите кои ги разорија лозјата, соопшти во вторникот тамошното министерство за земјоделство.

Француското производство за вино годинава ќе биде за 29 отсто помало отколку минатата 2020 година, и ќе достигне 33,3 милиони хектолитри. Во однос на просекот во изминатите пет години, ќе биде помало за четвртина.

„Пролетните мрезеви намалија добар дел од производството и тоа ќе биде најниското во историјата, послабо од 1991 и од 2017 година“, се наведува во соопштението на министерството за земјоделство.

Производството во споменатите две години претрпе големи штети поради острите пролетни мразеви, потсетува агенцијата Reuters.

Годинешнит загуби ќе бидат продлабочени и поради појавата на болести кај виновата лоза, истакнуваат од француското министерство.

Во август министерството процени дека годинешното производство на вино ќе падне меѓу 24 до 30 отсто, на 32,6 до 35,6 милиони хектолитри.

Речиси сите домашни лозарски региони се најдоа на удар на непповолните временски услови, но во различен интензитет, објави министерството.

Така производството во регионот Шампањ би требало да падне за 36 отсто по обилните летни врнежи кои погодувале за развој на мувлата којашто предизвикува сушење на гроздовите и лисјата, и ги зголемила загубите предизвикани од мразевите.

Произведувачите во јули предупредија дека дури и половината од годинешната берба би можела да биде загубена, иако снабдувањето на пазарот нема да биде загрозено благодарејќи на резервите од претходните години.

Регионот Бургундија-Божоле, исто така, е тешко погодена и тамошното производство ќе биде речиси преполовено во однос на минатата одина, поради мразевите, градот и болестите кои уништиле добар дел од родот на сортата бургундец, соопшти министерството.

Во регионот Бордо производството на вино би требало да падне за четвртината. Областа Совињон била тешко погодена од мразот, па ќе го намали производството на белото вино, додека сортата на грозјето мерлот, којашто се користи во производството на вина со заштитено потекло од Сен-Емијон и Померол претрпела напади од разни болести на виновата лоза.

Најголемиот производствен регион Лангдок-Русијон, ќе забележи 32-процентен пад во однос на минатата година, при што дополнителна штета предизвикала сушата, се додава во соопштението на француското министерство.