
Во 15 департмани на истокот на Франција, кои се најзафатени во епидемијата на коронавирусот, се заоструваат превентивните епидемиолошки мерки а полицискиот час од сабота наместо од 20 ќе започнува од 18 часот, потврди во петокот портпаролот на француската влада Габриел Атал.
„Вирусот и натаму циркулира низ Франција…., различно на поедини територии. Доколку ситуацијата се влоши во некои области, ќе донесеме одлуки кои ќе бидат нужни“, изјави портпаролот Атала за телевизијата TF1, додавајќи дека списокот со департмани опфатени со оваа мерка ќе биде преиспитана за една седмица.
Полицискиот час од 20 часот вечерта до 6 часот наутро следниот ден, во Франција беше воведен на 15-ти декември кога беше укината мерката карантин.
Од почетокот на епидмијата во Франција, досега починаа 64.632 лица, а во четвртокот беа пријавени речиси 20.000 новозаразени во еден ден, или севкупно 2,5 милиони случаи, што е сѐ уште многу далеку од владините планови овој показател да се намали на 5.000 случаи на ден.
Во таа смила, владиниот портпарол потврди дека културните институции, како театрите, кината, музеите и библиотеките, нема да бидат отворени на 7-ми јануари како што првично беше планирано.