Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на дополнителни седум илјади војници за да ги засили безбедносните патролирања, објави неговиот кабинет во саботата, ден откако учител беше убиен во исламистички напад со нож.
Франција е во највисок степен на приправност од петокот, откако 20-годишник со нож уби учител и тешко повреди уште две лица во градот Араса на северот од земјата.
Кабинетот на претседателот Макрон најави дека војниците на неодредено време ќе бидат мобилизирани во рамките на актуелната операција на безбедносни патролирања низ големите градови и туристички дестинации.
Уште од почетокот на седмицата по нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел кој возврати со удари во Појасот Газа, е зголемено обезбедувањето пред еврејските училишта и синангоги, имајќи предвид дека во Франција се двете меѓу најголемите во Европа арапски и еврејски заедници.
Знаменитиот париски музеј Лувр во саботата беше евакуиран и затворен по дојави за бомби, објави портпаролката на министерството за внатрешни работи, Камиј Шез, додавајќи дека по спроведените проверки не постои опасност.
Безбедноста во Франција е засилена пред светското првенство во рагби кое се одржува во земајта, помалку од година од почетокот на Олимписките игри, што ќе вклучува отворање вон стадионот и парада низ реката Сена.
Шез рече дека безбедносните мерки на стадионите за рагби натпреварите веќе е на зголемено ниво, но околу нив ќе се воведат и дополнителни патроли, а исто ќе биде и во центарот на Париз.
Франција со години е цел на исламистички напади, од кои најлошиот беше на 13-ти ноември 2015 години, кога џихадистичките напаѓачите во концертната сала „Батаклан“ и на терасите од локалите во Париз, како и кон приодите на стадионот „Стад де Франс“ на кој се играше пријателски фудбалски селекции на Франција и Германија, и вкупно загинаа 130 луѓе.
Министерството најви дека во саботата попладнето на состанок ќе се разгледува дали се потребни дополнителни мерки, додаде Пез.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дермаен во петокот изјави дека нападот во училиштетот во Арас е поврзан со настаните на Блискиот исток, каде што речиси цела седмица Израел спроведува фоена офанзива против Хамас.