Француската кошаркарска репрезентација се соочува со проблеми пред СП во кошарка.
По најавите за повреда на Матијас Лесор, сега нов проблем е здравствената состојба на Френк Нтиликина. Асот на Шарлот има повреда која ја заработи на мечот со Литванија.
Според медицинскиот тим, плејмејкерот кој игра во НБА лигата нема да може навремено да се врати од повредата на тетивата за Светското првенство. Ова е сериозен удар за Франција, која сега остана и без Нтиликина за турнирот.