
Под обвинение дека со нож го усмртила својот син, мајката на десетогишно момченце чиешто тело е пронајдени во патна торба во околината на Париз е обвинета за убиство со умисла и сместена е во притвор.
Триесет итригодишната жена „не се изјасни за настанот“ и „избегнуваше“ да зборува за тоа што правела по смртта на синот, соопшти главната обвинителка на Мо, Лорелен Пеирефит.
Иследниците досега сепак успеале да соберат против неа „сериозни индиции за убиството на нејзиното дете“ коешто најверојатно се случило во средата, смета државното обвинителство.
Мајката „потоа го ставила телото во патна торба и го однела во контејнер за шут, по што се вратила за да ја исчисти куќата и предметите коишто притоа ги користела ги фрлила во блиската канта за отпад“, рече обвинителката Пеирефит.
Загрижен поради тоа што никого не нашол дома кога вечерта се вратил од работа, такткото во средата вечерта веднаш ја известил полицијата за исчезнувањето на сопругата и нивниот син. Семејството неколку седмици претходно се доселило во Фериер-ан-Бри, мирно гратче источно од Париз.
Бидејќи открила траги од крв во куќата, полицијата веднаш покренала потрага во која учествувале и пожарникари, полициски кучиња трагачи и речна полиција со помош на беспилотни летала.
Истрагата во четвртокот утрото завршила со грозоморното откривање на телото на момченцето склупчено во патна торба на тркалца, стотина метри од домот. Обдукцијата покажала дека е „убиено со студено оружје, веројатно нож“, наведува државното обвинителство. Момченцето задобило неколку смртоносни удари во вратот и во градите.
Мајката е уапсена следниот ден во домот на нејзината сестра, триесеттина километри од местото на убиството. Кај неа е пронајден крвав нож кој е предаден на анализа. Жената ја очекива психијатриско вештачење.