
Франција работи на тоа да ѝ овозможи на Украина извоз на житарките по копнен пат преку Полска и Романија, изјави во понеделникот францускиот министер за земјоделство Марг Фесно, откако Русија поради украинските напади врз бродовите во Севестопол се повлече од договорот за извозот по поморски пат.
„Сакаме да видиме, доколку не може да се мине преку Црното Море, дали можеме наместо тоа преку копнени рути (…)., особено преку копнените рути преку Полска и Романија. Ќе продолжиме да работите на систем во кон нема да зависиме од добрата волја, во овој случај на лошата волја на (рускиот претседател) Владимир Путин“, изјави Фесно за радиото RMC.
Русија викендов го суспендираше на „неодредено време“ своето учество во договор за извоз на житарките постигнат под покровителство на ОН, по украинскиот напад со беспилотни летала и автономни поморски дронови врз бродовите на нејзината Црноморска флота.
Москва за тој напад рече дека е изведен со помош на британски воени специјалисти, како и дека е вмешана Канада. Особено руската страна истакна дека биле нападнати нејзините воени и цивилни бродови кои ги обезбедуваат безбедните коридори во Црното Море за сигурно пловење на бродовите кои ги извезуваат житарките од украинските пристаништа, како и дека најмалку еден поморски дрон бил лансиран од цивилен брод во водите на ткн Житен коридор.
Претходно Москва предупреди дека Украина и нејзините поддржувачи од Западот намерно прават трупање на бродови во Истанбул за да го нарушат договореното проверување на пловилата за пренесување на оружје.
Обединетите нации, Турција и Украина продолжија со спроведување на договорот за житарките и договориле транзитен план за понеделник за 16 бродови кои ќе тргнат натаму и покрај повлекувањето на Русија, којашто дополнително обвинува дека од стотината бродови досега само два со украински житарки биле упатени кон сиромашните земји во Африка.
Одлуката на Москва веројатно ќе ги погоди испораките во земјите кои зависат од увозот. Цените на пченицата и на пченката пораснаа во понеделникот по руското повлекување од договорот. Министерот Фесне во понеделникот раче дека „нема да има директни последици“ за потрошувачите во Франција.