Франција сака поедноставна бирократија за новите нуклеарни реактори

Франција подготвува закон со кој ќе биде поедноставена процедурата за издавање дозволи за градење нови нуклеарни реактори, бидејќи планира зголемување на своите капацитети поради глобалната енергетска криза.

„Овој нацрт закон е одговор на итноста на криза“, изјави портпаролот на француската влада Оливие Веран откако состанокот на владиниот кабинет во средата на кој е усвоен предлогот.

Веран рече дека предлог-законот, кој треба да биде испратен во парламентот – Националното собрание кон крајот на декември и почетокот на јануари, нема „на ниеден начин да ги разводни услови кои се однесуваат на заштитата на животната средина или безбедноста на нуклеарната инфраструктура“.

Претседателот Емануел Макрон ја стави нуклеарната енергија во центарот на своите планови земјата до 2050 година да биде карбонски неутрална и планира да изгради најмалку шест нови реактори.

Во септември од француското министерство за енергетика соопштија дека целта е да се започне градењето на првиот реактор од новата генерација EPR2 во Панлу во Нормандија пред крајот на мандатот на Макрон, пред мај 2027 година, а со работа би требало да започне во периодот од 2035 до 2037 година. Во средата тоа беше потврдено.

„Целта е административните одобрувања да се издаваат во рокови коишто ќе ни овозможат градење на EPR2 реактори во согласност со роковите. Ова е нацрт-закон кој ги поедноставува административните одобрувања за нуклеарните реактори кои ќе бидат изградени во близна на постојните нуклеарни централи“, изјави за весникот Les Echos министерката за енергетика Ањес Пание-Рунаше.

На прашањето колку времени така би можело да се заштити, министерката вели дека станува збор за „години“.

Националниот произведувач на електрична енергија EDF планира да изгради реактори на три постојни локации, два во Панли, два во Гранваленес на северот на Франција и два или во Бужеина истокот или во Трикасетен на југот на земјата. Владата проценува дека шесте нови реактори ќе чинат 51,7 милијарди евра.