За време на церемонијата што се одржа на плоштадот Вендом, денеска, на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, беше ставен печатот на Француската Република на амандманот кој го вклучи правото на абортус во Уставот на земјата.
За време на својот говор, францускиот претседател Емануел Макрон им оддаде почит на неколку парламентарци, меѓу кои и Матилда Пано и Мелани Фогел, и повика правото на абортус да биде вклучено во Повелбата за основните права на ЕУ.
-Надвор од Европа, ќе се бориме ова право да стане универзално и ефективно, рече Макрон. Тој истакна дека ставањето печат на законот денеска претставува долга борба за слобода.
Аплауз го исполни Плоштадот Вандом, бидејќи Франција стана првата земја која експлицитно го гарантира правото на абортус во нејзиниот Устав.
Француските пратеници со големо мнозинство ја одобрија мерката претходно оваа недела, а денешната церемонија значи дека мерката сега е на сила.
Француските пратеници во понеделникот го одобрија уставниот амандман со 780 гласа „за“ и 72 гласа „против“, а го поддржаа многу пратеници од екстремната десница.
Анкетите покажуваат дека околу 80 отсто од граѓаните го поддржуваат правото на абортус во Франција. мс/фото: МИА архива .