Франција трага по напаѓачот на православниот свештеник во Лион, уапсен еден осомничен

Француската полиција уапсило едно лице во потерата по напаѓачот кој претходно во саботата попладнен пред црквата во центарот на Лион застрела грчки православен свештеник.

Полициски извори за агенцијата AFP не потврдиле дека уапсеното лице е непосредниот напаѓач врз свештеникот, кој бил застрелан по 16 часот додека ја затворал црквата со два куршума и неговите повреди се опасни по животот.

Очевидци рекле дека станува збор за грчка православна црква во седмиот арондисман на Лион, кои слушнале два истрела. Свештеникот на екипата на брзата помош ѝ рекол дека не го познава напаѓачот.

Друг полициски извор рекол дека свештеникот е од грчка националност. Грчки владин претставник го идентификувал како 52-годишниот Николаос Какавелакис.

Француските власти засега не потврдуваат дека станува збор за тероризам. Во истрагата, сепак, е вклучено обвинителството за тероризам, како што е вообичаено кога постои сомневања за терористички напад, наведува во својот прилог телевизијата BFMTV.

Инцидентот се случи откако во четвртокот 21-годишен Тунижанец отсече глава на жена и уби уште две чица и рани неколу во цркваво центарот на Ноца, а неколку часа подоцна во центарот на Лион беше уапсени маж кој со мачета заканувајќи им се на минувачите сакал да влезе во преполн трамвај, а уште неколку часа подоцна пред црква во Париз беше спречен напад случен како во Ница. Во четврокот исто така беше избоден и припадник на обезбедувањето на францускиот конзулат во саудискиот град Џеда.

Нападот во Ница беше изведен на денот кога муслиманите го одбележуваа денот на раѓањето на пророкот Мухамед. Француските власти во врска со овој напад во саботата уапсија и 29-годишен Тунижанец, четвртиот осомничен во рамките на истрагата за овој масакр. Уапсен е во Грасе, 45 километир од Ница, а осомничен е дека бил близок на ранетиот напаѓач Брахим Исауи, кој во Франција дошол на почетокот од октомври, откако еден месец претходно како илегален имигрант бил згрижен на италијанскиот остров Лампедуза.

Сите овие напади следеа откако пред две седмици во париско предградие 18-годишник обезглави гимназиски професор по историја затоа што на час за слобода на говорот прикажал карикатури на пророкот Мухамед.

На погребот на професорот францускиот претседател Емануел Макрон рече дека неговата земја ќе ја брани слободата на изразувањето вклучително и објавувањето на контроверзните карикатури кои во муслиманскиот свет се смета за голема навреда бидејќи секое прикажување на Пророкот или Алах се смета за богохулство.

Изјавата на Макрон за справување со екстремниот исламизам во франција беше критикувана и доживеана како „објава на војна“ на исламот од челниците на муслиманските и арапските земји, кои повикуваат на бојкотирање на француските производи.

Француската влада по ваквите реакции и протести во муслиманскиот свет против француското бранање на објавувањето на карикатурите предупреди на можност од нови исламистички напади. Поради тоа дополнителни неколку илјади војници се испратени на улиците на француските градови околу црквите и училиштата.