Франција во шок, се повреди Карим Бензема

Францускиот фудбалер од Реал Мадрид, Карим Бензема доживеа невиден пех на три дена пред стартот на Европското првенство, откако се повреди пред крајот на првото полувреме од контролката на „триколорите“ против Бугарија.

Бензема беше заменет на четири минути пред крајот на мечот по што беше заменет со Оливие Жиру.

Бензема незгодно доскокна после еден обид со глава и веднаш се пожали на болка во коленото, а иако се обиде да продолжи, тоа не беше возможно.Се чекаат лекарските прегледи по што ќе се знае дали фудбалерот на Реал Мадрид ќе настапи на ЕП.

Сега во Франција ќе се „тресат“ до деталните лекарски прегледи, но првите впечатоци и солзите

Бензема беше повикан после шест години од послендиот свој настап после секс-аферата со својот соиграч Метју Валбуена, кога беше посредник на уценувачи, по што долго време беше пречкртан од селекторот Дидие Дешан.